Трајанов предлага широка коалиција со вклучување на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов не гледа проблем во формирање широка владина коалиција во моментов.

-Моја сугестија е да се размислува за широка коалиција, во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии и ќе се вклучат сите можни капацитети во државата, за надминување на предизвиците со кои се соочуваме. Под широка коалиција подразбирам да влезе и ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. тоа треба како тема да биде, а втора тема да биде договорот од потреба за одржување на предвремени избори, врзано со промените на Уставот, рече Трајанов во емисијата „360 степени“.

Слични содржини