Во своето гостување во „Утрински брифинг“, лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов посочи дека Владата е загрозена поради бегството на Сашо Мијалков.

„Со овие случувања загрозена е Владата. Владата е во исклучителна сложена состојба, во криза условно кажано. И како ќе се менаџира овој процес времето ќе покаже. Тоа е една димензија, јас анализирајќи ги барем досега присутните информации објавени, јавни информации од јавноста, мислам дека ние имаме системска грешка во целиот систем, не функционира. А, за нефункционирање на системот првенствено е одговорноста кон Владата“, посочи Трајанов.

Тој додаде и дека главниот виновник на нефункционирањето е претседателот на Владата, Зоран Заев.

Имено, тој смета дека системот мора да се постави и да функционира, и во услови како овој кој личи на криза, со оглед на тоа дека е загрозена националната безбедност на земјава.

Меѓудругото, Трајанов истакна дека институциите не функционираат самостојно, тие се под директна контрола од извршната власт. И поради тоа се случува тешки криминалци да бегаат од земјата.

Слични содржини