Трајанов: ВМРО-ДПМНЕ и Џафери сакаат да убедуваат дека парламентот не е конституиран

од Nikola Popovski

„Мандатот на новите пратеници престана. Верифицирањето на мандатите на новите пратеници е завршено и со тоа е конституиран парламентот. Парламентот во секој момент може да избере претседавач, додека не се договорат партиите кој ќе биде претседателот на Собранието“, изјави Павле Трајанов за емисијата „Само вистина“.

„Има обид на ВМРО-ДПМНЕ преку своите партиски експерти да убедуваат дека парламентот не е конституиран. На таа линија оди и Талат Џафери по инструкции на ДУИ, за да има простор за партиите да преговараат за формирањето мнозинство“, вели Трајанов.

Слични содржини