Трајанов за „бугарски фашистички окупатор“: Историските факти не можат да се ревидираат

од Nikola Popovski

Демократски сојуз има сосема кристални ставови околу релациите со Бугарија. Ние сме за платформа, имаме црвени линии и ниту една остапка не треба да правиме наспроти Бугарија, вели пратеникот и лидер на ДС, Павле Трајанов за како ја коментира одлуката за менувањето на терминот „бугарски фашистички окупатор“ во учебниците по историја.

Трајанов потенцира дека нема што да се разговара за вакви прашања.

-Историските факти не можат да се ревидираат со политичка одлука. Бугарија била окупатор на оваа територија во тоа време и сакала да се претстави како ослободител. Тоа не може никој да го избрише од меморијата и пишаните факти, категоричен е Трајанов во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини