Трајанов за „Двојник“: Оваа акција не смее да остане само на ниво на референтите што ги издале пасошите

од Nikola Popovski

„Се работи за совршен криминал. Нашата земја издала пасоши на опасни лица и тоа е многу тешко за откривање. Добро е што сепак полицијата дошла до такви информации, но според мои информации, вакви податоци собирала и Агенцијата за национална безбедност“, вели претседателот на ДС, Павле Трајанов за емисијата „Топ тема“ на темата за акцијата „Двојник“, при што беа притворени 8 полициски службеници.

Според него, оваа акција не смее да остане на ниво на референтите за издавањето на пасошите.

„Не вклучувам дека тука е вмешана и политиката. Во МВР има поставено партиски кадри 20 години наназад. Сепак, не верувам дека овие полициски службеници се креаторите на целата оваа афера“, потенцира Трајанов.

Слични содржини