Трајанов: Земјите од ЕУ кои се блиски пријатели на С. Македонија да гласаат против преговарачката рамка

од Nikola Popovski

Лидерот и пратеник на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска на прес-конференција во Собранието побара од Владата да ја повлече согласноста за прифаќање на францускиот предлог.

-Сметаме дека овие прашања што ги отвори Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка. Бараме од премиерот Ковачевски да го искаже својот став околу преговарачката рамка, односно се она што е сврзано со францускиот предлог и протоколот со кој треба да се имплементираат решенијата. Бараме од ЕУ, односно земјите кои што се блиски пријатели до Македонија, Хрватска, Словенија, Австрија. Чешка, Словачка да гласаат против преговарачката рамка да се стави на дневен ред или пак да стават вето на усвојување на ваква рамка која ги загрозува националните интереси, рече Трајанов на прес-конференција.

Тој побара ЕУ да се држи до Копенхашките критериуми или да вградува европски стандарди и принципи во преговарачката рамка.

-Трето, со оглед на фактот што претставници на Владата на Македонија директно беа вклучени во преговорите со Бугарија, бараме нивно повлекување (оставка) од функциите, посебно министрите за надворешни работи и евроинтеграции. Четврто, Демократскиот сојуз е против Францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански -народен отпор против загрозување на Македонскиот национален идентитет, нагласи Трајанов.

Слични содржини