Трајчева: Со мерката куќен притвор за Рашковски постои опасност од влијание врз сведоци, ќе поднесеме жалба

од Viktor Jovanov

По донесувањето на одлуката на Кривичниот суд за мерка  куќен притвор на екс ген-секот на Владата, Драги Рашковски, обвинителката која го застапува предметот, Ивана Трајчева изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор, како што бараше Обвинителството.

Според Трајчева, Обвинителството поднело доволно докази за Судот да одреди притвор за Рашковски.

-Обвинителството приложи доволно докази за да ги докаже околностите поради кои бара да биде одреден притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази кои треба да бидат прибавувани, изјави Трајчева.

Обвинителството отвори истрага и бараше притвор за Рашковски за набавката на софтверот додека бил генерален секретар на Владата.

Слични содржини