Трајчевски: Проширен и реконструиран патот Волково – Кучково

од Aleksandar Petrovski

Локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ постојано инвестира во проекти важни за граѓаните во секое населено место во општината, изјави Игор Трајчевски од ОО СДСМ Ѓорче Петров.

Во должина од 1300 метри го проширивме и асфалтираме патот од Волково до Кучково, со што овозможивме побезбедно движење по овој правец, кој Ѓорче Петров го поврзува со излетничкото место Кучково.

Коловозот е со широчина од 6 метри, а поставени се и тротоари од двете страни од по 2 метри широчина.

Овој патен правец воопшто не беше реконструиран повеќе од 20 години, а беше опасност за безбедно одвивање на моторен сообрајќај и движење на пешаци и велосипедисти.

Истовремено, Волково добива и кружен тек, со што се зголемува безбедноста и се забрзува протокот на сообраќајот во овој дел од општина Ѓорче Петров.

СДСМ продолжува да се грижи за интересот на граѓаните и да инвестира во проекти кои се приоритет за сите.

Градиме по план, развиваме проекти за поголема безбедност на патиштата истакна Трајчевски.

Слични содржини