Трајковски: Има интерес за комерцијалните градби, државата нуди станови по конкурентни цени

од Берта Китинска

Ќе се градат пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола и во Скопје,  како и изградба на уште четири нови социјални згради во Пехчево, Дебар, Сарај и Кочани, најави директорот на АДССДП Кристијан Трајковски, по денешната средба со министерот за транспорт Благој Бочварски.

– Се работи на нови комерцијални градби кои ќе ги понудиме по нормални цени на заинтересираните граѓани. Оваа година не очекуваат активности за неколку комерцијални згради, во Охрид и Битола по две, една поголема локација во Скопје во делот на Јужен Булевар. Интензивно работиме паралелно со социјалните и комерцијалните згради да ги донесеме на задоволително ниво, изјави Трајковски.

Според Трајковски, има интерес за комерцијалните градби на државата и таа нуди станови по конкурентни цени.

– АД е регулатор на пазарот на цените на сите комерцијани објекти што се градат. Во Општина  Аеродром кај двете комерцијални згради почетната цена на наддавањето беше 850 евра. На последната продажба  на зградата во Аеродром во тек на ископот на почетокот на градбата се продадоа 46 од вкупно 50  станбени единици што зборува доволно за интересот на граѓаните за купување станови преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Цената од 850 евра согласно постапката и Правилнкот по кој се продаваат овие станови порасна до 1050 евра што и тоа како е конкурентна во однос на цената на приватните инвеститори, рече Трајковски.

Цените, прецизираше, зависат од лицитацииите, но нашата понудена цена ќе биде реална согласно со можностите на граѓаните.

Слични содржини