Трајковски: Ќе нема големо избувнување на ковид, поради стекнатиот имунитет кај една третина од населението

од Берта Китинска

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски на својот Фејсбук профил од почетокот на епидемијата континуирано дава пресек на состојбата со коронавирусот во земјава. Во последната своја објава тој објаснува дека поради стекнатиот имунитет кај можеби една третина од населението, не очекувам некое наредно големо избувнување на вирусот.

„Во периодот што следи, како што напоменува, не се очекува зголемување на средниот број на новозаразени, ниту пак зголемување на средниот број на починати лица од корона вирусот. Сепак, споредн него, бидејќи станува збор за нова болест, со која сé уште не сме поминале еден полн годишен циклус, не се знае дали во јануари ќе има влошување под влијание на климатскиот, т.е. сезонскиот фактор.Токму затоа сметам дека не треба лежерно да чекаме бројките да се намалуваат по природен пат (со прележување и природна имунизација на популацијата), туку бројките итно да се соборат со еден краткотраен тотален локдаун, после што би продолжиле со сегашните мерки, за кои што гледаме дека се доволни за одржување на приближно константно ниво, порачува во објавата професорот Трајковски.

Во продолжение е целосната негова објава:

26.11.2020. Дојде денот ефективниот репродукционен број Rt да стане точно единица, денот кога во просек нема ни…

Posted by Дејан Трајковски on Thursday, 26 November 2020

Слични содржини