Трајковски од Делчево: Социјалдемократите мислат за граѓаните, реконструиравме 20 километри улици

од Nikola Popovski

„Поддршката од централната власт е многу значајна и сега Делчево е пример за регионот“, истакна градоначалникот Горан Трајковски на партиската трибина на СДСМ во градот. Тој нагласи дека на радост на сите делчевчани, се реализира најголемиот проект во историјата на градот, а тоа е изградба на филтер станица за чиста вода за пиење.

-Три години работевме на физибилити студија, а пред еден месец започна изградбата. Во наредните 80 години никој во Делчево ќе нема проблем со водата за пиење, потенцира Трајковски.

Тој кажа дека ги реализирал сите капитални проекти што ги ветил во програмата од 2017 година и додаде дека и од вкупно ветените проекти од последната програма, локалната власт успеала да исполни 84%.

-Огромен број на улици се реконструирани, преку 20 километри и во градот и во селата. Не се сите реконструирани од локалниот буџет, туку и со помош на Владата предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев. Социјалдемократите мислат на своите граѓани, проектите се веќе реалност и придобивките се чувствуваат. Успеавме да изградиме шест километри атмосферска канализација, пет километри водовод и пет километри фекална канализација, заклучи Трајковски.

Слични содржини