Трајковски стрелец за Палермо во ремито со Падова

од desk4

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го постигна единствениот гол за својот тим Палермо синоќа на домашен терен на дуелот со Падова. Натпреварот заврши нерешено, 1:1.

Цел натпревар за тимот од Сицилија одигра и вториот македонски репрезентативец, Илија Несторовски.

Со освоениот бод Палермо има вкупно 57 од 32 натпревара и се наоѓа на третата позиција на табелата во Серија Б.

На првите две места кои носат директен пласман во Серија А се Бреша со 63 бода и Лече со 60 и натпревар повеќе од Палермо.

Во следното коло Палермо на 27 април му гостува на Ливорно

Слични содржини