Трајковски: Врвот на епидемискиот бран би требало да настапи за 10 дена

од Берта Китинска

Продолжува намалувањето на преносливоста на вирусот, односно ефективниот репродукциски број Rt (на дијаграмот на првата слика). Со овој тренд на намалување врвот на епидемискиот бран би требало да настапи за околу 10 дена, пишува во својата ковид анализа проф.Дејан Трајковски.

Toj напоменува дека следната недела ќе видиме повторно извесно зголемување на дневните броеви на нови случаи, додека по две недели би требало да стагнираат помеѓу 1.100-1.200, или можеби и да се намалуваат.

-Наближувањето на врвот убаво се гледа на дијаграмот на дневниот број на случаи во полулогаритамски координати на втората слика. Во секој случај, стотици случаи дневно ќе гледаме во текот на целиот месец август.Леталитетот останува многу низок, од 0,5% до 0,7%, не многу повисок од леталитетот на грипот. При ваков низок леталитет дневните броеви на починати би требало да останат едноцифрени до крајот на бранот, смета Трајковски.

Слични содржини