Трамп ја објави својата кандидатура за претседател на САД

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседателските избори кои ќе се одржат во таа земја во 2024 година.

Својата одлука да влезе во претседателската трка Трамп вчера пред телевизиските камери им ја соопшти на своите приврзаници на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида, јавува Си-Ен-Ен.

„За да ја направам Америка повторно голема и славна, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Соединетите Држави“, изјави Трамп пред насобраните во Мар-а-Лаго, каде што ќе биде седиштето на неговата кампања.

Слични содржини