Трамп: Ако се тестираат 40.000.000 луѓе, ќе има многу заразени

од Vladimir Zorba

Ако се тестираат 40.000.000 луѓе, тогаш има многу заразени, кои без тестирање немаше да се појавуваат секоја вечер на „Лажните вечерни вести“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп објави на Твитер, во време кога САД се земја со најмногу потврдени случаи и смртни случаи од коронавирус, и кога, веќе трет ден по ред, бележи повеќе од 50.000 новозаразени.

„Случаи, случаи, случаи! Ако не тестиравме толку многу и толку успешно, ќе имавме многу малку случаи“, напиша Трамп.

Тој оцени дека, на одреден начин, огромниот успех во тестирањето им дава, како што рече, „на лажните медиуми, се што сакаат, случаи“, посочувајќи дека во меѓувреме се намалува бројот на смртни случаи и стапката на смртност.

„Вие не слушате за тоа во „лажните вести“ и никогаш нема да го слушнете. Дали на некој им се потребни?“, прашува Трамп на крајот на својот пост на Твитер.

Слични содржини