Трамп: Американските трупи остануваат на Косово

од Vladimir Zorba

Скоро 640 американски војници, кои во моментов се дел од КФОР, ќе останат во Косово како дел од силите, кои бројат околу 4.000 лица, потврди американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Гласот на Америка“.

Трамп испрати писмо за тоа до спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и на друг висок претставник на Сенатот, републиканецот Чак Грасли.

Тоа е писмо во кое Трамп и неговата администрација, во согласност со Резолуцијата на воените сили (Закон 93-148), се обидуваат да го информираат Конгресот за распоредувањето на американските вооружени сили опремени за борба низ целиот свет.

Во дел од писмото за Косово, Трамп наведува дека „Соединетите држави продолжуваат да придонесуваат за силите на КФОР предводени од НАТО во соработка со локалните власти, билатералните партнери и меѓународните институции, со цел да ги избегнат обновените непријателства во Косово“, додаде Гласот на Америка.

Слични содржини