Трамп: Бајден е виновен за нападите во Израел

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп издаде итно соопштение во врска со последните ракетни напади врз Тел Авив, обвинувајќи го актуелниот американски претседател Џо Бајден дека неговата слабост е причина за ескалацијата на насилството меѓу Израел и Хамас.

„Кога бев во Белата куќа, бевме познати како претседателство што се залага за мир, бидејќи израелските противници знаеја дека Соединетите држави стојат силно со Израел и дека ќе има брза одмазда ако Израел биде нападнат. Под Бајден, светот стана понасилем и понестабилен бидејќи слабоста на Бајден и недостатокот на поддршка за Израел доведува до нови напади врз нашите сојузници“, рече Трамп.

„Америка секогаш мора да стои покрај Израел и да стави до знаење дека Палестинците мора да стават крај на насилството, теророт и ракетните напади и да стават јасно до знаење дека САД секогаш силно ќе го поддржуваат израелското право да се бранат. Неверојатно, демократите исто така продолжуваат да стојат со лудиот антиамерикански претставник во Сенатот, Илхан Омар и други кои дивјачки го напаѓаат Израел додека се наоѓаат под терористички напади“, напиша Трамп.

Хамас вечерва објави дека истрелал 130 ракети кон Тел Авив како одговор на уривањето на станбена зграда во Појасот Газа.

Слични содржини