Трамп бара смртна казна за бомбашот од Бостон

од Vladimir Zorba

Сојузната влада на САД повторно може да побара смртна казна за Џохар Карнаев, осуден за смртоносната експлозија на Бостонскиот маратон во 2013 година, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Федералната влада треба повторно да побара смртна казна за да го надополни тоа поглавје од судењето. Нашата држава не може да дозволи апелациската одлука да застане. Ретко кој ја заслужил смртната казна повеќе од напаѓачот од Бостон“, напиша Трамп на Твитер.

Минатата недела американскиот Апелационен суд ја поништи смртната казна за Карнаев, која му беше изречена казна во јуни 2015 година, пренесува ТАСС.

Како што наведува, судот ја разгледуваше жалбата за повторно разгледување на случајот од 2016 година, а според тврдењата на одбраната, решението да не се испрашува Карнаев во друг град му го одзело правото на фер судење, бидејќи поротата во Бостон не може да биде целосно непристрасна.

Во април 2013 година, активирана експлозивна направа уби три лица за време на маратонот, а 260 беа повредени.

За тоа се обвинети Карнаев и неговиот брат Тамерлан, кој беше убиен во полициската акција.

Во април 2015 година, Карнаев беше обвинет за сите 30 обвиненија и осуден на смртна казна.

Слични содржини