Фаворитот за номинација на Републиканската партија за претседателските избори Доналд Трамп објави дека ќе разгледа САД да престане да купува нафта од Саудиска Арабија, во случај ако не испрати војници против терористичката група “Исламска држава”, соопшти “Ројтерс”.

tramp

На Трамп бил прашан дали би прекинал купување на нафта од сојузници на САД, ако тие не испратат копнени сили против ДАЕШ. Милијардерот од своја страна рече: “Одговорот е: веројатно да.”

Фаворитот за номинација на Републиканската партија додаде дека богатите земји како Саудиска Арабија треба да плаќаат на САД компензација за да ја обезбеди нивната заштита против ДАЕШ.

“Сепак без нас Саудиска Арабија не би опстоила многу долго”, рече Трамп во интервју за “Њујорк тајмс”.

“Ние не добиваме отплата за огромната услуга која ја извршуваме што штитиме различни земји. Сега Саудиска Арабија е една од нив”, додаде тој.

Слични содржини