Трамп е презадоволен од Гренел: Многу добро ја извршува работата како претставник на САД во дијалогот меѓу Србија и Косово

од Nikola Popovski

Амбасадорот Ричард Гренел ќе остане специјален пратеник за Белград и Приштина, потврди американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека „многу добро“ си ја извршува својата работа.

Трамп ова го изјави за „Гласот на Америка“ кога го прашаа како Гренел ќе му помогне со три улоги истовремено: амбасадор во Германија, вршител на должноста началник на Националната разузнавачка служба и специјален претставник за Белград и Приштина.

„Амбасадорот ќе продолжи како што си ја вршеше и претходно работата, многу добро. Тој добро ги познава службените лица и направи фантастична работа во двете држави “, рече Трамп.

Тој истакна дека Гренел ужива во неговата „целосна доверба“ и постигнува „неверојатни договори“.

Трамп го изјави ова пред новинарите, пред да отпатува за Индија.

Слични содржини