Трамп: Федералните агенти остануваат во Портланд сè додека не ги исчистат анархистите и агитаторите

од Vladimir Zorba

Членови на федералните безбедносни сили, распоредени во Портланд, Орегон поради немилосрдните антирасистички протести, ќе останат во градот сè додека локалната полиција не се ослободи од „анархистите и агитаторите“, рече во петокот претседателот Доналд Трамп.

Службата на американски Маршали (U.S. Marshals Service) минатата недела донесе одлука да испрати 100 заменици сојузни шерифи за да ги зајакнат безбедносните сили кои ја чуваат зградата на Федералниот суд на Портланд, но со нивното пристигнување, протестите организирани во текот на два месеци во северозападниот град станаа се понапнати.

Белата куќа и властите во Орегон во средата се согласија постепено да ги повлекуваат федералните агенти, но точен датум не е утврден, потврди федералниот гувернер на таа сојузна држава, Кејт Браун.

Според договорот, локалната полиција треба да обезбеди ред пред Сојузниот суд. Градоначалникот на Портланд, Тед Вилер изјави дека полицијата започнала да евакуира делови од центарот на градот во близина на судот за да се подготви за повлекување на федералните агенти.

Немирите во тој град се продолжение на протестите што избувнаа околу смртта на Џорџ Флојд, афроамериканец задушен на 25 мај со колено од бел полицаец.

Настанот предизвика бран протести низ САД и иако тие се намалија со текот на времето, некои џебови, како Портланд, се сè уште активни.

Демократските пратеници ги обвинија федералните агенти во Портланд дека нападнале „мирни демонстранти“ и додадоа гориво во пожарот наместо да ја смират ситуацијата.

Републиканците реагираат дека се криминалци, а претседателот Доналд Трамп ги критикува демократите кои се на власт во градовите и државите каде расте криминалот и се надева дека неговата програма за „закон и ред“ ќе ја зголеми неговата популарност на четири месеци пред изборите.

Белата куќа се обидува во своите говори да се фокусира на градскиот криминал, додека популарноста на Трамп се намалува поради начинот на кој неговата влада управуваше со пандемијата од коронавирус.

Слични содржини