Трамп ги критикуваше изборните механизми за пребројување на предвремените гласови

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп денес повторно ги критикуваше американските изборни механизми, особено начинот на броење на предвремените гласови и оцени дека дополнителното време за пребројување на десетици милиони гласови по денот на изборите, 3 ноември, ќе биде „несоодветно“.

Додека Трамп изрази сомневање за гласање по пошта, неговиот ривал, демократот Џо Бајден, повика на единство за време на неговиот изборен митинг во државата Џорџија, што се смета за повеќе во корист на републиканците и сегашниот претседател.

Експертите проценуваат дека броењето на повеќе од 45 милиони гласови добиени по пошта може да трае неколку дена, па дури и неколку недели, што значи дека победникот најверојатно нема да биде познат веднаш по затворањето на избирачките места на 3 ноември, пренесува Ројтерс.

Иако изборните нерегуларности се ретки за време на изборниот процес во САД, Трамп постојано повторуваше дека масовното гласање по пошта неизбежно доведува до поголеми злоупотреби, но не достави докази за неговите тврдења, па затоа претставници на Демократската партија, активисти и приврзаници изразија длабока загриженост дека Трамп нема да биде подготвен да прифати изборен пораз, додека самиот Џо Бајден дури рече дека ова е неговиот најголем страв.

Според важечките прописи и податоци од организацијата Изборен проект на САД, сојузните држави не дозволуваат официјално пребројување на гласовите се додека не се затворат избирачките места, пренесува Танјуг.

Досега, предвременото гласање беше исполнето од повеќе од 68,5 милиони Американци, што е скоро половина од вкупниот број гласови од последните избори, во 2016 година.

Поранешниот претседател Барак Обама беше на денешниот митинг на Бајден во Орландо, Флорида, и оттаму апелираше до демократите да излезат на гласање во што поголем број.

„На последните избори делувавме самозадоволни и не смееме да ја повториме таа грешка оваа година. Луѓето беа малку мрзливи, тие сметаа дека битката е однапред добиена и погледнете што ни се случи. Овој пат не смееме да го дозволиме тоа“, рече поранешниот американски претседател Барак Обама.

loading...

Слични содржини