ТРАМП ГО ИСМЕВА БАЈДЕН: Потроши огромни пари на пластични операции, а сега се крие зад маска! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп, праша зошто неговиот противкандидат на претстојните претседателски избори, Џо Бајден, „ги потрошил сите тие пари на пластични операции, кога го крие лицето со маска“.

Трамп повторно го исмејуваше Бајден (77) за носење маска и го обвини за пластична операција на предизборен митинг во близина на Питсбург, една недела пред првата претседателска дебата.

„Зошто по ѓаволите ги потроши сите тие пари на пластични операции ако го покри лицето со маска“, рече Трамп.

Тој ги праша собраните во местото Мун Тауншип дали мислат дека Бајден ќе носи маска за време на дебатата, на што позитивно извикуваа.

“Џо се чувствува добро поради тоа. Што и да прави да се чувствуваш добро”, продолжи Трамп.

Тој на митингот повтори дека смета дека поранешниот потпретседател на САД треба да се тестира на дрога пред дебатата.

Двајцата претседателски кандидати ќе се соочат во својата прва дебата на 29 септември во Кливленд, а модератор ќе биде водителот на Фокс Њуз, Крис Волас.

 

Слични содржини