Трамп го исполнува ветувањето: Америка повлекува дел од трупите од Ирак и Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот министер за одбрана Кристофер Милер го објави планот на САД за намалување на бројот на војници во Ирак и Авганистан, во согласност со ветувањето на сегашниот претседател Доналд Трамп дека ќе ги врати воените сили дома.

Во последните неколку месеци од владеењето на Трамп, САД ќе ги повлечат трупите од Ирак и Авганистан, а тоа ќе се случи до 15 јануари 2021 година.

Како што рече, од 4.500 војници, 2.500 ќе останат во Авганистан, колку што ќе има и во Ирак, 500 помалку од сегашниот број, пренесува АП.

Слични содржини