Трамп го одложи првиот предизборен митинг, но не поради коронавирусот

од Vladimir Zorba

Поради годишнината од историскиот настан за укинување на ропството во САД, американскиот претседател Доналд Трамп реши да го одложи својот прв предизборен митинг за еден ден.

Митингот во Тулса, Оклахома, беше закажан за 19 јуни, датум што Афроамериканците го означуваат како годишнина од јавното читање на прогласувањето на еманципацијата – или ослободувањето – на црните робови во Тексас, неколку месеци по завршувањето на Американската граѓанска војна (1861 -1865).

Освен датумот, контроверзно е и местото на собирот, бидејќи масакрот на Afroamerikancite, еден од најкрвавите во историјата на Соединетите држави, се случи во Тулса во 1921 година.

Како што продолжуваат протестите во Соединетите држави за убиството на Aфроамериканецот Џорџ Флојд, Трамп е обвинет не само за „флертување“ со заговорниците на таканаречената бела надмоќ, туку и дека сакал да им приреди забава за добредојде дома, наведува Би-Би-Си.

Тексас, кој беше дел од поразените држави на Конфедерацијата за време на Граѓанската војна – партија која се залагаше за опстанок на робовладетелскиот систем – е последната држава во Соединетите Држави каде беше прочитан прогласот.

Иако првично ја бранеше одлуката за одржување на митингот во Тулса на 19 јуни, Трамп подоцна изјави дека, без почитување на историското значење на тој датум, настанот е одложен по предлог на неговите пријатели и приврзаници од заедницата на Афроамериканците.

Слични содржини