Трамп го поздрави напредокот во преговорите меѓу двете Кореи

од desk2

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го поздрави „одличниот напредок“ во преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја, откако Северна Кореја се согласи да уништи полигон за ракетни проби и својата главна нуклеарна постројка, како и да дозволи инспекции кои ќе проверат дали земјата навистина ги запрела нуклеарните проби. 

– Ова се многу добри вести, изјави Трамп по средбата на водачите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг-ун и Мун Џе-ин во Пјонгјанг.

Трамп најави дека наскоро може да има и нова средба со Ким. Се смета дека нивната средба во Сингапур е решавачкиот чекор кон помирување на САД и Северна Кореја. 

Преку Твитер, Трамп изјави дека развојот на настаните е „многу возбудлив“ и дека со севернокорејската одлука да се обврзе да ја уништи својата нуклеарна програма бил постигнат голем напредок.

Слични содржини