Трамп: „Го сакам премиерот Макрон, но…“

од Vladimir Zorba

Вчера, Доналд Трамп го нарече својот француски колега Емануел Макрон премиер, што е пониска позиција од претседателската. Случајно?

На предизборниот митинг во сојузната држава Мичиген, американскиот претседател зборуваше за успесите на неговиот мандат. Тој го пофали новиот договор за слободна трговија со Канада и Мексико и го изрази своето мислење за договорот за климата во Париз, од кој се повлекоа САД по неговата победа на изборите во 2016 година.

„Дали знаете од што друго се повлеков? Од договорот за климата во Париз. Навистина ми се допаѓа премиерот Макрон, но го прашав како напредува договорот и тие навистина не успеваат во тоа“, рече републиканскиот кандидат.

„Јас ви заштедив милијарди долари, никој не би го сторил тоа. Реков, тоа е катастрофа, се на се, тие сакаа да ни го одземат богатството “, додаде тој.

Американскиот и францускиот претседател воспоставија блиски односи по изборот на Макрон, но после тоа тие значително се влошија,

loading...

Слични содржини