Трамп го „шкртна“ Бенон: Никогаш не ми се допаѓаше тоа што го правеше

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека апсењето на неговиот поранешен советник Стив Бенон е „многу тажна работа“.

„Тоа е многу тажна работа за господинот Бенон. Изненадувачки е“, рече Трамп и додаде дека не му се допаѓал проектот „Градиме ѕид“ од самиот почеток.

Бенон се смета за најзаслужен за победата на Трамп на претседателските избори во Америка.

Да потсетиме, Бенон и уште три лица беа уапсени утрово за проневера на донаторски пари за кампањата „Градиме ѕид“, која требаше да собере пари за да се изгради ѕид меѓу САД и Мексико.

Слични содржини