Трамп и Меланија спиеле во посебни соби во Белата куќа, се шпекулира колку пари би добила со развод

од Vladimir Zorba

Доналд и Меланија Трамп одбележаа 16 години брак во позадина на шпекулациите дека поранешната прва дама на САД може да поднесе барање за развод.

Двојката имаше бројни чудни и бизарни моменти за време на нивниот престој во Белата куќа, некои сугерираа дека имаат „трансакциски“ брак и дека спијат во посебни соби.

Поранешниот соработник на Белата куќа тврди дека, сега веќе поранешна прва дама, ја броела секоја минута до крајот на претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг, за да може да го напушти, пренесува „Мирор“.

Адвокат од Њујорк за „Мирор“ изјави дека Меланија може да добие до 50 милиони долари и старателство над нивниот син Барон (14) доколку се разведе од Трамп.

Богатството на Доналд Трамп падна на 2,5 милијарди долари во 2020 година од 3,1 милијарди во 2019 година, пренесе „Форбс“.

Обложувалниците сега прифаќаат облози кога Меланија ќе поднесе барање за развод откако Трамп го напушти Вашингтон и отиде на Флорида на денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Извори за Си-ен-ен минатата недела изјавија дека Меланија спиела во голем апартман, претежно резервиран за претседателите и нивните жени.

– Доналд Трамп спиеше во својата спална соба, што беше работна соба за време на претходните администрации – додаде изворот.

Стефани Винстон Волкоф, поранешна пријателка и советничка на Меланија Трамп, тврди дека парот спие во посебни простории и има „трансакциски“ брак.

Еден семеен пријател за „Вашингтон пост 2018“ изјави дека Трамп, исто така, има одделни дневни рутини.

Доналд (74) ќе станел од кревет околу 5.30 часот, ќе гледал кабелски програми и твитал.

Меланија ќе се разбудела малку подоцна во нејзината спална соба и ќе го подготвела Барон за на училиште.

Неколку недели пред крајот на неговиот мандат, извор и ја опишал на Меланија за Си-Ен-Ен како личност која сака да се „одјави“ и да си оди дома.

Слични содржини