Трамп има оправдување за собирот пред „Капитол“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има изговор за некои свои приврзаници кои протестираа пред американскиот Капитол на 6 јануари, велејќи дека тие не претставуваат никаква закана.
Во интервју за Фокс Њуз, Трамп се пожали дека полицијата ги „прогонува“ демонстрантите од Капитол, додека на левичарите „ништо не им се случува“, пренесува Гардијан.

Тој призна дека оние кои го нападнаа Капитол „влегоа и не требаше да го сторат тоа“. Но, тој додаде: “Некои од нив влегоа и се прегрнуваа и се бакнуваа со полицијата и чуварите. Знаете, тие имаа одлични врски. Многу луѓе ја привлекоа толпата внатре, а потоа влегоа и излегоа”.

Повеќе од 300 лица се обвинети во врска со немирите на 6 јануари, а властите изјавија дека веруваат дека најмалку уште 100 може да се соочат со обвиненија.

За време на интервјуто за Фокс Њуз, Трамп го критикуваше и Ентони Фаучи, американски експерт за инфективни болести: „Искрено, не го слушав премногу“, рече тој.

Фаучи беше еден од клучните советници на Трамп на почетокот на пандемијата, но подоцна ги прекина врските со поранешниот претседател поради разликите во начинот на решавање на кризата.

Во јануари, Фаучи го опиша „ослободувачкото чувство“ дека може да ја каже научната вистина за вирусот корона, без страв од „последици“ од Трамп, според „Гардијан“.

Слични содржини