Трамп: Имам добар однос со Фаучи, но не секогаш се согласувам со него

од Aleksandar Petrovski

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има многу добар однос со водечкиот епидемиолог во земјата, Ентони Фаучи, но дека не секогаш се согласува со него.

Трамп е се повеќе критички настроен кон владините здравствени службеници и нивните препораки, во време кога постојаниот раст на бројот на заразени со коронавирусот се заканува да го загрози олабавувањето на рестриктивните мерки низ целата земја, јавија британските медиуми.

Трамп за „Фокс њуз“ минатата недела изјави дека Фаучи направи многу грешки во врска со коронавирусот.

Слични содржини