Трамп исвиркан кога открил дека примил „бустер“ доза

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп откри дека за време на ТВ-интервју со поранешниот водител на „Фокс њуз“, Бил О’Рајли, примил „бустер“ доза од вакцината, а во таа прилика водителот потврдил дека бил вакциниран со „бустер“ без да сака да каже за која вакцина се работи.

Поранешниот американски претседател беше исвиркан од дел од публиката, но тој ги отфрли негативните реакции.

„Немојте, немојте, немојте, немојте, немојте. Но, во ред е, таму има многу мала група“, рече Трамп, пренесе Си-Ен-Ен.

Во текот на истата емисија, Трамп рече дека неговата администрација е одговорна за развојот на вакцини против коронавирусот, пренесе Танјуг.

„Гледате, направивме историска работа. Спасивме десетици милиони животи ширум светот кога сите заедно ја направивме вакцината. Ова можеше да биде како шпанскиот грип од 1917 година. Ова требаше да ја уништи Земјата. Но, тоа не се случи по наша заслуга“, рече Трамп.

Си-Ен-Ен наведува дека релативно голем процент од републиканците одбиваат да се вакцинираат, повикувајќи се на неодамнешна студија на „Њујорк Тајмс“, според која околу 60 отсто од возрасните републиканци ја примиле првата доза од вакцината, наспроти 91 отсто од демократите.

Слични содржини