Трамп изгуби и по повторното броење на гласовите во Висконсин

од Stefanija Kuzmanovska

Доналд Трамп побара повторно да се пребројат гласовите во округот Милвоки, најголемиот округ во сојузната држава Висконсин, каде загуби со 20.000 гласови од Џо Бајден. Пребројувањето заврши вчера и само ја потврди победата на Бајден.

Пребројувањето ќе ја чини неговата кампања 3 милиони долари. Трамп продолжува да одбива да го признае изборниот пораз, иако не дава конкретни докази за измама, за кои тврди дека се од големи размери, а кои според него го свртеле конечниот резултат на изборите.

По пребројувањето, Бајден оствари нето добивка од 132 гласа, од скоро 460.000 гласови. Вкупно, Бајден доби 257 гласа, а Трамп 125.

На национално ниво, Трамп доби 232 гласачи, а Бајден 306 и 5,8 милиони повеќе американски гласови. За победа е потребно да се освојат 270 изборни гласови на сојузните држави, па Трамп мора да ги промени резултатите во најмалку три големи држави, што досега не е забележано.

Слични содржини