Трамп ја критикуваше наградата Оскар за филмот од Јужна Кореја: Дали е ова нормално? (видео)

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше доделувањето Оскар на јужнокорејскиот режисер, Бон Џун Хо за филмот Паразит, велејќи дека САД имаат доволно проблеми со Јужна Кореја во трговската сфера и дека „не е нормално да му биде доделена наградата за најдобар филм на годината“.

„Колку се лоши наградите на Академијата оваа година? И победник е филм од Јужна Кореја. Што по ѓаволите се случува таму? Имаме доволно проблеми со Јужна Кореја во сферата на трговијата, а потоа тие им доделуваат и награда за најдобар филм на годината. Дали е ова нормално? Не знам… Мислев дека е тоа награда за најдобар странски филм, но не. Дали некогаш се случило ова? “, рече американскиот претседател, говорејќи на митингот во Колорадо, објави„ Фокс њуз“.

Филмот „Паразит“, на режисерот од Јужна Кореја, Бонг Џун Хо, освои дури четири Оскари, особено оние за најдобар филм и за најдобар режисер. Во Холивуд, ова е историски момент, бидејќи „Паразит“ е првиот филм од не-англиско подрачје што освои Оскар и доби признанија за најдобар меѓународен филм и најдобро сценарио.

Слични содржини