Трамп: Кандидатот за Врховен суд на САД ќе биде жена, бидејќи јас повеќе сакам жени отколку мажи

од Nikola Popovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека следната недела ќе предложи жена која ќе ја наследи покојната Рут Бејдер Гинзберг во Врховниот суд на САД.

„Името на кандидатот ќе го објавам следната недела. Тоа ќе биде жена“, рече Трамп на предизборен митинг во саботата во Северна Каролина.

„Мислам дека тоа треба да биде жена, бидејќи жените многу повеќе ги сакам од мажите“, додаде Трамп, пренесува Би-Би-Си.

Претседателот на САД, Доналд Трамп го повика Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, „без одложување“ да го разгледаат неговиот кандидат за судија на Врховниот суд, со цел да се пополни испразнетото место што остана празно по смртта на судијката Рут Бејдер Гинзберг.

„Ставени сме во оваа позиција на моќ и важност да донесуваме одлуки во име на граѓаните кои гордо не избраа, и долго време се веруваше дека најважната од овие одлуки е изборот на судии на Врховниот суд. Ја имаме таа обврска, без одложување“, објави Трамп на Твитер во саботата.

Слични содржини