Трамп: Ќе имаме вакцини до април 2021 година, три истражувања во завршна фаза

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Америка ќе има вакцина против коронавирусот до април 2021 година и дека ќе има доволно за сите жители. Нивната дистрибуција ќе започне веднаш штом ќе заврши третата фаза од истражувањето.

Како што рече, три вакцини се веќе во „завршна фаза“ на тестирање, а брилијантните лекари и научници работат на тоа од јануари.

– До април, секој Американец што сака да се вакцинира ќе има можност да се вакцинира. Секако, тоа не е присилна вакцинација – рече д-р Скот Атлас, член на тимот на Белата куќа.

Претходно оваа недела, Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и превенција на болести, рече дека вакцините нема да бидат широко достапни до крајот на годината.

Слични содржини