Трамп ќе ја номинира Ејми Кони Барет за судија на Врховниот суд

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја номинира судијката Ејми Кони Барет од Седмиот апелационен суд на САД, со седиште во Чикаго, на местото судија на Врховниот суд на САД, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на републикански извори.

Си-Ен-Ен наведува дека таа е единствениот потенцијален кандидат за кој се знае дека лично се сретналa со претседателот, тврдат два извори.

Берет, наводно, билa во Белата куќа во понеделникот и вторникот оваа недела. Според два извори, таа ги импресионирала претседателот и другите за време на првите состаноци.

Да потсетиме, Трамп претходно изјави дека ќе го објави својот избор за судија во Врховниот суд во сабота.

Тој исто така рече дека разгледува пет кандидати да ја заменат Рут Бадер Гинцберг, феминистичка икона и една од највлијателните жени во САД, која почина на 87-годишна возраст.

Најблиску до изборот беше Ејми Кони Барет, по потекло од Флорида, која се смета за застапник на построг закон за абортус. Во 2017 година, Трамп лично ја предложи за Федералниот апелационен суд во Чикаго.

Во претходните соопштенија, Белата куќа планираше повеќе презентации во случај претседателот да донесе одлука во последен момент да премине на друг кандидат.

Но, еден извор наведува дека би било изненадувачки доколку дојде до промена.

Патем, смртта на Рут Бадер Гинцберг им даде на републиканците шанса да ги зајакнат своите позиции во судот со помош на претседателот Трамп, чиј избор за судија ќе им донесе на конзервативците мнозинство од 6:3.

Слични содржини