Трамп: Ќе носам маска, немам проблем со тоа

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД, Доналд Трамп, познат по тоа што избегнува да носи заштитна маска во јавноста, изјави денеска дека ќе ја носи маската за време на следната посета на американските трупи во Националниот воен медицински центар Валтер Рид, недалеку од Вашингтон.

„Од мене се очекува да носам маска кога ќе одам во Валтер Рид. Вие сте во болница. Мислам дека тоа е многу удобна работа. Јас немам проблем со маската“, изјави Трамп за „Фокс њуз“, пренесува Ројтерс.

Тој не прецизираше кога ќе го посети Центарот или дали фоторепортерите ќе можат да го снимаат со маска, бидејќи ваквите посети обично се затворени.

Трамп, кога дури и членовите на неговата Републиканска партија го критикуваа дека не носи маска, во последно време често зборуваше позитивно за нивно носење.

Слични содржини