Трамп: Ќе зборувам за изборната измама пред Сенатот во Пенсилванија

од Vladimir Zorba

Доналд Трамп изјави дека ќе зборува пред Сенатот на државата Пенсилванија за масовната кражба на гласови во таа сојузна држава. Демократот Џо Бајден е потврден за победник на претседателските избори во Пенсилванија и Невада. Исто така, изборната комисија во Мичиген во понеделникот ги потврди резултатите од претседателските избори во Америка, одржани на 3 ноември, според кои демократот победи во таа земја.

„Ќе зборувам пред Сенатот на државата Пенсилванија, на многу важно рочиште што сега е во тек. Ќе зборувам за масовната измама на гласачите што се случи на изборите во 2020 година!“, напиша Трамп на Твитер.

Кампањата на Трамп побара постапка „забрзана жалба“ по одбивањето на тужбата во Пенсилванија, која бараше поништување на милиони гласови добиени по пошта.

Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани и високиот правен советник на Трамп, Џена Елис тврдат дека сè е „само продолжување на цензурата на големата технологија, големите медиуми и корумпираните демократи поради фактите што американската јавност треба да ги знае“.

Адвокатите на Трамп исто така изразија разочарување од немањето можност да ги „презентираат своите докази“ на рочиштето.

Демократот Џо Бајден е потврден за победник на претседателските избори во Пенсилванија и Невада.

Изборната комисија во Мичиген во понеделникот ги потврди резултатите од претседателските избори во Америка, одржани на 3 ноември, според кои и демократот победи во таа земја.

Избирачите од сите сојузни држави ќе се состанат на 14 декември на изборниот колеџ, кога и официјално ќе го потврдат новиот претседател. Бајден освои 306 гласа на изборите, што е за 36 повеќе од потребниот праг од 270 гласачи.

Во понеделникот, Трамп овласти клучна федерална агенција да започне соработка со преодниот тим на новоизбраниот претседател Бајден, иако тој сè уште има намера да ја продолжи борбата за промена на изборните резултати.

Слични содржини