Трамп кон новинар: Не ми се обраќај така, јас сум претседател на САД (видео)

од Nikola Popovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одржа прес-конференција во Белата куќа, за време на која му одржал лекција на новинарот на Ројтерс, Џеф Мејсон, откако го притиснал со прашања за тоа дали ќе го признае Џо Бајден за претседател.

„Ќе биде тешко да се признае неговата победа, бидејќи имаше огромна измама. Ќе видиме колку брзо ќе се одвива промената на администрацијата, бидејќи времето не е на наша страна. Сè друго е. Фактите се тие, огромна измама се случи. Тоа не смее да се случи во ваква земја“, изјавил Трамп.

Новинарот потоа повторно го поставил прашањето за време на изјавата на Трамп, по што претседателот на САД ги изгубил нервите.

„Јас сум претседател на Америка. Никогаш повеќе не зборувај така со претседателот“, му рекол Трамп и потоа побарал друг новинар да постави прашање, пренесува „Дејли мејл“.

Слични содржини