Трамп: Лудата Нeнси Пелоси кажа ужасни работи за д-р Дебра Беркс

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше советничката на Белата куќа за коронавирус, Дебра Беркс, откако таа на националната телевизија рече дека новото зголемување на бројот на заразени е „екстремно распространето“ во руралните делови на земјата и градовите.

Трамп напиша на Твитер: „Во повеќето делови на земјата ситуацијата е многу добра. Отворете ги училиштата“.

Ден претходно, д-р Дебра Беркс, координаторка на работната група на Белата куќа за коронавирус, за Си-Ен-Ен изјави дека Соединетите држави се во нова фаза.

„Она што го гледаме денес е поразлично од ситуацијата во март или април. Секој што живее во руралните области треба да знае: вие не сте имуни или заштитени од овој вирус“, рече Беркс, пренесува „Гласот на Америка“.

Таа раскажала дека патувала во 14 земји во изминатите три недели и дека е загрижена за некои работи што ги видела.

Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом, во кој контрола имаат демократите, за телевизијата АБЦ во неделата изјави дека не верува во претходната проценка на Беркс, направена пред неколку недели, дека вирусот се повлекува во Соединетите држави.

„Мислам дека претседателот шири дезинформации за вирусот, а таа е поставена од него, така што не, јас немам доверба“, изјави Пелоси.

Трамп објави на Твитер: „Лудата Нeнси Пелоси кажа ужасни работи за д-р Дебра Беркс, таа ја критикуваше затоа што е премногу позитивна во однос на многу добра работа што ја правиме во борбата против кинескиот вирус, вклучително и вакцините и лековите. За да ѝ одговори на Ненси, Дебра ја проголта мамката и нè критикуваше. Патетично! “

Во друг твит тој изјави: „Со исклучок на Њујорк и на неколку други локации, многу повеќе бевме подобри од повеќето други земји во борбата против кинескиот вирус. Многу од овие земји сега имаат голем втор бран“.

Слични содржини