Трамп му покажал строго доверливи документи на новинар: „Не кажувај никому дека ги виде“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, даде интервју за американскиот новинар Бод Вудворд во кое зборуваше за важни теми, а покажа и документи означени како „строго доверливи“.

Вудворд најави дека следната недела ќе објави снимки од повеќе од осум часа од интервјуа со поранешниот американски претседател од 2016 година до денес, во кои тој му ги покажал писмата што Ким Јонг-ун му ги испратил и обратно, со барање „никому да не му каже дека му ги покажал“.

За време на интервјуто Трамп зборувал и за односот со светските лидери.

„Ми се допаѓа Путин. Добро е да се биде во добри односи со Русија, разбираш? Особено затоа што имаат 1.332 нуклеарни боеви глави. Добро се сложувам и со Ердоган (Реџеп Тајип Ердоган). Интересно, подобро стојам со тие ‘груби луѓе’ отколку со поблагите типови“, изјавил Трамп во интервју од 2020 година.

Навел дека не земал тајни документи за да ги носи дома.

Слични содржини