Трамп најави отворање на нова социјална мрежа

од Milan1

Поранешниот американски  претседател, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена „Труф Соушл“ (Truth Social), откако во јануари беше исклучен од Твитер, Фејсбук и од Јутјуб.

– Јас ги формирав „Труф Соушл“ и групата за медиуми и технологија на Трамп (ТМТГ) за да се спротивставам на тиранијата на технолошките гиганти, Живееме во свет каде Талибанците имаат огромно присуство на Твитер, додека вашиот омилен американски претседател е замолчен. Тоа е неприфатливо, се вели во соопштението на Трамп.

Платформата „Труф Соушл“ ќе биде достапна во бета верзија на повик од ноември 2021 година, се наведува во соопштението, додека новата медиумска групација на Трамп ТМТГ ќе има и видео сервис на барање со забавни програми и подкасти.

Трамп беше исклучен од Фејсбук, Твитер и Јутјуб по нападот врз американскиот Конгрес на 6 јануари, што го извршија неговите поддржувачи за време на церемонијата на потврдување на победата на Џозеф Бајден на претседателските избори. Пред да биде исклучен, Трамп имаше речиси 89 милиони следбеници на Твитер, кога објави голем број претседателски одлуки, имаше 35 милиони следбеници на Фејсбук и 24 милиони на Инстаграм.

 

Слични содржини