Трамп: Наскоро информација за изборна измама во Џорџија

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека наскоро ќе бидат објавени „важни информации“, кои, како што рече, се однесуваат на изборната измама во американската сојузна држава Џорџија.

„Доаѓаат важни информации за изборната измама во врска со Џорџија. Бидете во тек!”, напиша Трамп на Твитер.

Џорџија, по рачно пребројување на гласовите, во петокот ги потврди резултатите од изборите според кои Џо Бајден победи во таа сојузна држава.

„Вашингтон пост“ потсетува дека државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, кој е републиканец, претходно изјави дека по рачното пребројување на гласовите во таа земја, утврдено е дека претседателот Трамп не успеал да освои изборни гласови.

Подоцна, сепак, од канцеларијата на Рафенспергер пристигна исправка на таа изјава, во која се наведува дека резултатите од гласањето сè уште не се потврдени, додава „Вашингтон пост“.

loading...

Слични содржини