Трамп: Националната гарда е подготвена

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на Твитер дека Националната гарда пристигна во Минеаполис.

„Националната гарда пристигна на местото на настанот. Тие се во Минеаполис и се целосно подготвени. Џорџ Флојд не умре залудно. Оддадете му почит“, напиша американскиот претседател.

Петстотини војници на Националната гарда пристигнаа во Минеаполис, каде се одржуваат протести поради смртта на црнецот Џорџ Флојд, што се случи по полициската бруталност, пренесува порталот „Индекс“.

Припадниците на Националната гарда на Минесота „ќе понудат поддршка на цивилните власти онолку колку што е потребно за да се обезбеди безбедноста на лицата и имотот“, се вели во соопштението на армијата.

Гувернерот на оваа сојузна држава, Тим Волц, во четвртокот попладне потпиша уредба со која се дозволува интервенција на Националната гарда.

„Во текот на ноќта војниците учествуваа во неколку задачи со пожарникарите во борбата против граѓанските немири“, се наведува во соопштението.

До утрото, 500 од нив стигнаа своите позиции, а мобилизирани беа околу 200 полицајци и хеликоптери.

Во знак на протест против полициското насилство, полициската станица на северот на градот беше запалена, а ограбени се и околу триесет продавници.

Слични содржини