Трамп не го сака Паразит: Не е импресиониран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не му се допаднало тоа што овогодинешниот добитник на Оскар за најдобар филм е остварувањето кое доаѓа од Јужна Кореја.

„Колку беа лоши наградите на Академијата оваа година, дали видовте? А поведникот е…. филм од Јужна Кореја“, рекол Трамп на собир во Колорадо, имитирајќи ги најавувачите од Оскарите.

„Што по ѓаволите воопшто се случува? Имаме доволно проблеми со Јужна Кореја и трговијата, а сега им даваат награда за најдобар филм’, прашал Трамп.

Паразит е првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој освоил награда на Академијата за најдобар филм, а исто така освои и Оскар за режија и оригинално сценарио.

Меѓутоа, Трамп не е импресиониран. Се чини дека повеќе го интересираат филмовите настанати пред 70 години.

„Би сакал, на пример, Однесено со виорот. Можеме ли, ве молам, повторно да добиеме нешто како тоа? Толку одлични филмови“, продолжил.

Трамп рекол дека не знае дали Паразит е добар.

„Мислев дека е најдобар странски филм, странски филм, но не и најдобар филм. Дали тоа се случило некогаш порано“, прашал.

Неон, американски дистрибутер на филмот, на Твитер одговорил на критиките од Трамп.

„Разбирливо е, тој не знае да чита“, напишале.

Слични содржини