Трамп: Не сакам насилство

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој е под голем притисок да поднесе оставка откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот, изјави денес дека постои огромен гнев поради обидот тој да се отповика, додавајќи дека тој не сака насилство и дека ова е „најголемиот лов за вештерки во историјата на политиката “.

Трамп за првпат се обрати пред печатот по почетокот на гласањето за неговото отповикување, кое ќе започне утре во Претставничкиот дом.

„Не сакам насилство“, изјави Трамп пред новинарите откако го посети ѕидот во близина на американско-мексиканската граница во Аламо, Тексас, објави „Ројтерс“.

Би-Би-Си додава дека Трамп го осудува обидот на демократите да го симнат од власт заради тврдењата дека поттикнувал насилство во Конгресот.

„Ова е најголемиот лов на вештерки во историјата на политиката. Мислам дека предизвикува огромен гнев“, рече Трамп.

Слични содржини