Трамп одржа говор, со она што го кажа за Меланија подигна голема прашина (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Синоќа, поранешниот претседател на Соединетите Држави одржа говор на конференцијата на Конзервативната политичка акција (КПАК), на која тој ја навести својата кандидатура за Белата куќа во 2024 година, повторувајќи ги своите тврдења дека демократите ги „украле“ изборите во 2020 година.

Иако Меланија не можеше да присуствува на конференцијата, Доналд Трамп не ја пропушти можноста да ја спомене.

Тој ја нарече својата сопруга „идната прва дама“.

– Дали веќе ви недостигам? – ги праша Трамп присутните на собирот во Орландо.

– Всушност, како што веќе знаете, тие само што ја изгубија Белата куќа. Кој знае, можеби ќе ги победам и трет пат – рече републиканецот пред своите верни поддржувачи.

Според ТМЗ, Трамп го завршил своето обраќање со реченицата „Со ваша помош, ќе ја вратиме Белата куќа. Ќе го освоиме Сенатот. И тогаш, републиканскиот претседател триумфално ќе се врати во Белата куќа. Се прашувам кој ќе биде тоа?“.

Оваа изјава доби големо внимание кај корисниците на социјалните мрежи, па тие пишуваа дека Трамп само што ја нарекол Меланија „идна прва дама“, прашувајќи се за кого тоа таа ќе се омажи.

Меланија досега беше „невидлива“ и не коментираше ништо. Сепак, таа продолжи да работи напорно на проектот „Биди најдобар“, чија цел е борба против насилството на Интернет.

 

Слични содржини