Трамп откри каква вакцина примил: „Ќе бев среќен со било која“

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп откри дека ја примил вакцината Фајзер / Бајонтек, за прв пат откако ја напушти Белата куќа.

„Па, ја добив вакцината „Фајзер“, но подеднакво би бил среќен со секоја од понудените вакцини“, рече Трамп за „Јаху фајнансес“.

Администрацијата на Трамп потроши 18 милијарди долари за операцијата „Брзина на светлината“, која разработи неколку вакцини за релативно краток временски период – Фајзер, Модерн и Џонсон и Џонсон, иако Фајзер ја разви својата вакцина без пари од американската влада.

Трамп беше заразен со корона минатата есен, но брзо ја преболе.

„Го имав, добро се опоравив од Ковид. Мислам дека не го имав онака како што медиумите сакаа да го претстават, знаете, сакаа да претстават како да било тешко. Не е пријатно, но имав Ковид“, додаде Трамп.

Тој и неговата сопруга Меланија закрепнаа од Ковид, а првата доза на вакцината ја примија во јануари, пред да ја напуштат Белата куќа, но чекаа до март да ја соопштат веста.

„Кога станува збор за „бустер“ дозата, ако почувствувам дека е потребно, ќе ја примам. Би рекол дека имам двојна вакцина, како некој што прележал Ковид“, додаде Трамп.

Слични содржини