24
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека потпишал извршна наредба со која се започнува првата програма за „самоиницијативна депортација“ за нелегални имигранти.
„Денес потпишав Извршна наредба со која се започнува првата програма за самодепортација во историјата. Нелегалните странци кои ќе останат во Америка ќе се соочат со казни, вклучително и ненадејна депортација, на место и на начин што ќе го одбереме“, рече Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Во својот пост, тој исто така нагласи дека сите нелегални странци треба „веднаш да го резервираат својот бесплатен лет“.